Давид Алаба од Баерн Минхен бараше големо зголемување на платата, па двете страни не се договорија и Австриецот на лето ќе го напушти клубот како слободен агент.
Германските медиуми пренесуваат дека по неговите стапки може да тргне и Џожуа Кимих, кој бара големо зголемување на платата за да стави потпис на нов договор.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
26-годишниот германски репрезентативец има договор до 2023 година, но во последно време се етаблираше во еден од клучните фудбалери во тимот.
Кимих сака долго да остане во Баерн, но да биде меѓу 5-те најплатени фудбалери во тимот заедно со Левандовски, Милер, Ноер и Сане.
„Билд“ пренесува дека преговорите помеѓу двете страни ќе бида долги, но Баерн не се брза бидејќи договорот од Кимих истекува по две години.