По елиминацијата на Баерн Минхен од Лигата на шампионите, поранешниот фудбалер на овој клуб, Лотар Матеус најави дека Флик ќе си замине.
Баерн испадна од ПСЖ во четвртфиналето од Лигата на шампионите. И покрај победата во Париз од 0:1 актуелниот европски шампион мораше да се прости со најелитното европско натпреварување.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
После натпревар Матеус во изјава за германскиот „Скај“ најави промена.
„Ханси Флик ќе замине на крајот од сезоната. Веќе има понуда од Фудбалскиот сојуз на Германија и тој ќе ја превземе репрезентацијата. Баерн затоа работи на доведување на нов тренер, преговара со Јулијан Нагелсман“, порача легендарниот Германец.