Агентот Мино Раиола откри дека бил во Германија за да разговара со Борусија Дортмунд за иднината на Ерлинг Халанд.
Раиола потврди дека директорите на Борусија Дортмунд му соопштиле дека немаат намера да го продаваат Халанд ова лето. Тој тврди дека ја почитува нивната одлука, но не се согласува со неа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Раиола и таткото на Халанд веќе имаа средба со неколку европски клубови, па Халанд сигурно ќе има многу богати понуди на маса.
„Морам да потврдам дека бев во Дортмунд на разговор. Михаел Џорк јасно потвди дека Борусија не сака да го продаде Халанд ова лето. Јас го респектирам нивното мислење, но не се согласувам со него“, изјави Раиола.
„Нема апсолутно никаква војна помеѓу мене и клубот, имаме одлични односи. Тие јасно ги кажаа своите намери, ние ќе ги почитуваме. Ќе видиме што ќе се случи“, додаде контроверзниот агент.