Младиот француски репрезентативец и член на Рен, Едуардо Камавинга привлече вниманието на многу европски гиганти.
Младиот Французин со своите настапи го привлече вниманието на многу европски гиганти, а дека станува збор за вонсериски талент говори и фактот дека веќе го доби епитетот „новиот Погба“.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Зидан сака да го донесе во своите редови, па Реал веќе остварил првични контакти за ангажман на Камавинга. Играчот одби да го продолжи договорот и на лето ќе ја промени средината, а Рен за неговата слобода бара 70 милиони евра.
Во Реал веруваат дека 18-годишниот плејмејкер ќе биде идеален наследник на Лука Модриќ, кој најверојатно ќе игра уште една сезона на „Сантиаго Бернабеу“.
Како опција за наследник на Хрватот се споменува и Сергеј Милинковиќ-Савиќ, кој исто така е спремен да го напушти Лацио.