Менаџерот Мино Раиола има амбициозен план и веќе работи на тоа да го направи Ерлинг Халанд најплатен фудбалер на светот.
Халанд блеска во дресот на Борусија Дортмунд, каде се промовираше во еден од најдобрите млади фудбалери на светот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Европските гиганти се „тепаат“ за неговиот потпис, па Раиола ги шокира сите со барањата за негов трансфер.
Агентот на Халанд сака неговиот клиент да биде најплатениот фудбалер во светот со 58 милиони евра годишна нето заработка, или над милион евра на неделно ниво.
Раиола бара петгодишен договор, па клубот кој ќе се согласи да го донесе ќе треба да издвои скоро 500 милиони евра само за плати.
Борусија Дортмунд нема лесно да се откаже од својата ѕвезда и сигурно ќе бара повеќе од 100 милиони евра за неговата слобода.