Диего Коста речиси сигурно кариерата ќе ја продолжи во својот поранешен клуб Атлетико Мадрид.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Актуелниот клуб на Бразилецот со шпански пасош, Челзи, соопшти дека на Коста му дал неколку слободни денови за да ги договори деталите околу трансферот во Атлетико.
Атлетико нема право да регистрира фудбалери во овој преоден рок, поради што напаѓачот би можел да биде позајмен во некој друг тим, а според информациите најголем интерес покажал Бешикташ.
Тимот од Мадрид слично постапи со Витоло кого го купи од Севилја и веднаш го испрати на позајмица во Лас Палмас.
Диего Коста во летниот преоден рок во 2014 година, од Атлетико се пресели во Челзи за сума од 40 милиони евра.