Дома Трансфер зона Давид де Геа го напушта Манчестер Јунајтед

Давид де Геа го напушта Манчестер Јунајтед

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Соскјер е спремен на лето да продаде еден од двајцата голмани кои се борат за стартното место во тимот, пренесуваат медиумите на Островот.

Давид де Геа и Дин Хендерсон се двајца одлични голмани, но еден од нив на лето може да биде продаден, а фаворит е Шпанецот.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Хендерсон не сака да биде резерва, а Манчестер Јунајтед не сака да го загуби Англичанецот бидејќи смета дека може да биде иднина на тимот од „Олд Трафорд“.

Де Геа во последните две сезони не е на своето најдобро ниво, тој е еден од најплатените играчи во тимот, па поради тоа најверојатно ќе биде продаден.

Јунајтед сака да се ослободи од неговата висока плата, а токму тоа може да биде проблем за Де Геа да си најде нов клуб, бидејќи на „Олд Трафорд“ заработува 20 милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал руши рекорди за Салиба

Реал Мадрид е подготвен да направи рекорден договор за централен дефанзивец со ангажирањет…