Се засилија шпекулациите за можен трансфер на Јосип Иличиќ од Аталанта во Милан.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според „Скај Италија“ раководството на „росонерите“ веќе стапил во контакт со агентот на 33-годишниот фудбалер.
Милан сака да разбере какви се условите за евентуален трансфер, како и колкава ќе биде сумата која ја бара Аталанта.
„Росонерите“ се спрени да платат симболична сума од 5 милиони евра, со оглед на фактот што Иличиќ на лето влегува во последната година од договорот.
Милан на крајот на сезоната најверојатно ќе се раздели со Кастиљехо и верува дека Иличиќ идеално би се вклопил во тимот, бидејќи има големо искуство во Серија А.