Лео Борг е син на славниот тенисер Бјорнј Борг и дебитираше на АТП турнирите.
На покана од организаторот Лео заигра квалификации во Марбеља и освои само еден гем. Во кариерата тој Лео Борг нема ниту една победа, одигра 10 натпревари и сите ги изгуби. Освои само еден сет, минатата година на Фјучерсот против Арави Амро, 1475 тенисер на ранг листата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Не сакам луѓето за мене да зборуваат како син на легендарниот, Борјн сакам да да зборуваат поради мојот тенис. Се чувстувам спремно за на АТП ниво, знам дека можам да одиграм добро и да се борам со квалитетни тенисери. Не чувстувам притисок, сакам само да одиграм најдобро што можам“, изјави Лео.
Неговиот татко Бјорн е еден од најголемите тенисери на сите времиња и освои вкупно 63 АТП титули од кои 11 Грен слем.