Плејмејкерот на Евертон, Хамес Родригез откри дека имал договор со Атлетико Мадрид, но од Реал не го пуштиле да се пресели во градскиот ривал.
Претседателот на Реал, Флорентино Перез не го пуштил во Атлетико, па на заслуга на Анчелоти се пресели во Евертон.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
„Минатата сезона во Реал Мадрид играв малку. Кога решив да си заминам од Баерн веќе имав договор со друг клуб. Се беше договорено, а станува збор за Атлетико Мадрид, меѓутоа Реал не сакаше да ме пушти таму“.
„Зборував со Симеоне и ми кажа дека ќе бидам важен фудбалер во неговиот тим. Прашајте го Перез зошто не ме пушти. Мене ми беше јасно дека кај Зидан нема да играм многу. Потоа благодарение на Карло Анчелоти го изграв Евертон“, изјави Колумбиецот.