Дома Фудбал Англија Ширер кон Лукаку: Јас го одбив најголемиот клуб во светот! (Фото)

Ширер кон Лукаку: Јас го одбив најголемиот клуб во светот! (Фото)

Белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку го напушти Евертон и својата кариера одлучи да ја продолжи во Манчестер Јунајтед.

Иако во последно време во англиските медиуми се пишуваше дека Ромелу Лукаку е на чекор од враќање во Челзи, на крајот во трката се вклучи Манчестер Јунајтед и го доведе Белгиецот. Лукаку пристигна како замена за Златан Ибрахимовиќ и не го криеше своето воодушевување што кариерата ќе ја продолжи на „Олд Трафорд“.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Во своето прво интервју како играч на Јунајтед изјави дека едноставно не можел да ја одби понудата од „црвените ѓаволи“ бидејќи за него Јунајтед претставува најголемиот клуб во светот. Белгиецот едноставно запраша: „Кој би кажал не, на најголемиот клуб во светот“? Набрзо потоа на овој коментар возврати Алан Ширер.

„Јас го направив тоа. Ја одбив….Барселона“, напиша поранешниот напаѓач на Њукасл.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Легендарниот голман на работ од солзи: Го одиграв можеби последниот меч во кариерата, сè е уништено!

Данскиот голман Каспер Шмајхел, член на легендарната генерација на Лестер која освои Преми…