Дома Топ вести Кој ќе го замени Агуеро? Три имиња за нов напаѓач на Сити

Кој ќе го замени Агуеро? Три имиња за нов напаѓач на Сити

Серхио Агуеро на крајот од сезоната ќе го напушти Манчестер Сити па затоа Пеп Гвардиола ќе мора да најде ново решение за нападот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Заминувањето на играч како Агуеро секако е удар за клубот затоа што тој постигна 256 гола на 379 натпревари и е најдобар стрелец во историјата на клубот.

Прва мета на Гвардиола е Ерлинг Халанд, кој блеска во Борусија Дортмунд. 20-годишниот Норвежанец ова лето ќе ја промени средината, но конкуренцијата за неговиот потпис е жестока.

Втора опција е Хари Кејн, кој истакна дека е спремен да го напушти Тотенхем бидејќи сака да игра во тим кој што ќе освојува трофеи. Но „спарси“ за неговата слобода бараат 140 милиони евра, па тоа може да биде проблем.

Трета опција е Ромелу Лукаку од Интер. Белгиецот има големо искуство во Премиер лигата, а моментално игра во животна форма.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…