Дома Трансфер зона Реал Мадрид тргнува по Лукаку

Реал Мадрид тргнува по Лукаку

Приоритет на Реал Мадрид на лето ќе биде доведување на врвен напаѓач.

Ерлинг Халадн и Килијан Мбапе се на врвот на листата желби на „кралевите“, но конкуренцијата за нив е огромна и трансферната сума исклучително висока.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поради тоа шпанските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид ќе се насочи кон Ромелу Лукаку.

Белгиецот игра фантастично во дресот на Интер и во Мадрид веруваат дека би можел да биде идеален наследник на Карим Бензема.

„Нероаѕурите“ моментално имаат финансиски проблеми, па Реал ќе се обиде да ги искористи и ќе испрати понуда од 80 милиони евра. Притоа, на Лукаку му нудат многу повисока плата од актуелната која ја заработува во Милано.

Лукаку има договор до 2024 година, па се очекува Интер за неговата слобода да бара 100 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Крај на една ера: Марко Ројс заминува од Борусија Дортмунд!

Легендата на Борусија Дортмунд, Марко Ројс ќе си замине по завршувањето на актуелната сезо…