Дома Трансфер зона Јунајтед ја одби првата понуда на Милан за Далот

Јунајтед ја одби првата понуда на Милан за Далот

Португалскиот бек Диого Далот минатото лето пристигна во Милан на позајмица од Манчестер Јунајтед.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Росонерите“ во договорот немаат опција за откуп на крајот на сезоната, но се надеваат дека ќе постигнат договор со „црвените ѓаволи“ за перманентен трансфер.

„Метро“ пренесува дека Милан испратил понуда од 14 милиони евра, што е за 6 милиони евра помалку од тоа што го бараат „црвените ѓаволи“.

Манчестер Јунајтед ја одбил првата понуда, но преговорите продолжуваат и се очекува двете страни наскоро да најдат заеднички јазик со вклучување на бонуси.

Португалецот оваа сезона запиша 24 меча за Милан во сите натпреварување, а подеднакво добро игра како десен и лев бек.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…