Дома Фудбал „Пандев е „млад“ во главата, убеден сум дека нема да престане да игра ова лето“

„Пандев е „млад“ во главата, убеден сум дека нема да престане да игра ова лето“

Tренерот на Џенова, Давиде Балардини и понатаму верува дека македонскиот капитен Горан Пандев ќе продолжи да игра и наредната сезона.

Според досегашните најави Пандев ќе се пензионра после Европското првенстова лето, меѓутоа Балардини верува дека ќе го промени мислењето.

„Навистина нема смисла да престане сега. Горан е „млад“ во главата и се уште игра одличен. Убеден сум дека нема да престане да игра, може да игра и до Мундијалот во Катар“, изјави Баладарини.

Во случај Пандев да остане на најавите тогаш вчерашниот натпревар против Лихтенштајн беше негов последен во Скопје.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…