Дома Трансфер зона Барселона тргнува во напад на ѕвездата на Челзи

Барселона тргнува во напад на ѕвездата на Челзи

Досегашниот преоден рок сигурно го одбележа трансферот на Ромелу Лукаку во Манчестер Јунајтед, но до крајот на летото сигурно ќе одекнат многу трансфер „бомби“.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Барселона сака да донесе квалитетен десен бек и дека една од најголемите желби на раководството и тренерот е Цезар Аспиликуета.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Бившиот играч на Осасуна и стандарден шпански репрезентативец имале одлична сезона во Челзи и се етаблираше како еден од најдобрите десни бекови во Европа, па не чуди инетерсот на Каталонците.

Аспиликуета минатата сезона често играше и како трет стопер, но сега Конте нема да има потреба од „експерименти“ бидејќи го купи Рудигер.

Поради тоа Барселона смета дека Аспиликуета ќе биде идеално решение за десната бековска позиција и веќе остварила контакт со Челзи.

Наводно Каталонците се спремни да понудат 30 милиони евра за неговиот потпис, но проблем е што Антонио Конте не сака да се раздели од Шпанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…