Дома Фудбал За првпат жени ќе судат во квалификации за СП

За првпат жени ќе судат во квалификации за СП

Стефани Фрапар и Екатерина Монзул ќе бидат првите жени судии кои ќе се појават во еден квалификациски натпревар за Светско првенство, тие ќе делат правда во квалификациите за СП 2022.

Украинката Монзул ќе суди во натпреварот помеѓу Австрија и Фарски Островои, а Фрапар ќе дели правда на дуелот помеѓу Холандија и Летонија.

„Зад себе тие имаат неколку натпревари во важни машки натпреварувања, а сега првпат ќе судат во квалификации за Светско првенство. Тоа е навистина посебен настан со кој треба да се гордеме. Работеа навистина напорно во последните години и ова е едно признание за се што направија“, изјави претседателот на Комитетот на судии на ФИФА, Пјерлуиџи Колина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…