Дома Трансфер зона Јувентус бара напаѓач по мерка за Роналдо

Јувентус бара напаѓач по мерка за Роналдо

Во Јувентус следат двајца напаѓачи со кои би можеле да го задржат Кристиано Роналдо и да направат тим со кој ќе атакуваат на Лигата на шампиони.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека Роналдо му поставил услов на раководството да донесе врвен напаѓач за следната сезона, како и нов плејмејкер.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Првата опција за Серхио Агуеро, а другата е Моис Кин. Договорот на Аргентинецот истекува на крајот на сезоната, па може да дојде во Торино како слободен агент.

Сепак, конкуренцијата за Агуеро е голема, па како алтернатина се споменува Моис Кин, кој игра фантастична сезона во ПСЖ.

Тој е во сопственост на Евертон кој е спремен да го продаде за 30 милиони фунти, сума која Јувентус е спремен да ја плати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…