Репрезентацијата на Швајцарија направи изненадување на Европското првенство до 21 година и денес ја победи Англија со 1:0.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Англија ја имаше фаворитската улога против Швајцарија, но голот на Дан Ндојде во 77. минута беше доволен Швајцарија да однесе важни три бода.
Во репрезентацијата на Англија има играчи како Емил Смит Ров од Арсенал и Калум Хадсон Одои од Челзи, но тоа не им помогна во овој натпревар.
Инаку, ова беше дуел од „групата на смртта“ на ова ЕП каде што се уште Португалија и Хрватска кои својот натпревар го играат вечерва.