Дома Фудбал Останато Официјално: Ивица Олиќ нов тренер на ЦСКА

Официјално: Ивица Олиќ нов тренер на ЦСКА

Ивица Олиќ е нов тренер на ЦСКА, објави московскиот клуб на Твитер.

Поранешниот хрватски репрезентативец и досегашен член на стручниот штаб на Далиќ го превземе клубот во кој играше од 2003 до 2006 година и за кој во 116 настапи постигна 44 гола. Со ЦСКА освои и три титули шампион, два купа и Куп на УЕФА што е најголем клупски успех.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Ивица веќе денес ќе биде претставен на тимот, ќе го одработи првиот тренинг и ќе го превземе тимот. Добредојде дома“, објави ЦСКА.
Олиќ на клупата го наследи Виктор Гончаренко кој ЦСКА ја остави на петтата позиција на местото во руското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Хит во Италија: Голман одбрани четири пенали и беше херој на својот тим (Видео)

По 120 минути игра, мечот помеѓу Пиза и Чезена заврши без голови, па победникот се решаваш…