Селекторот на Франција Дидиер Дешамп планираше да испрати повик во репрезентацијата до дефанзивецот на ПСЖ, Абду Диало.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Овој 24 годишник беше во план на Дешамп за наредниот циклус, но Диало ја одби понудата и одлучил да не го прифати неговиот повик. Во иднина тој ќе настапува за селекцијата на Сенегал.
„Играчите сами одлучуваат. Никогаш не сум се обидувал да убедам играч да не игра за друга репрезентација. Ја почитувам неговата одлука, иако некогаш беше капитен во младите селекции“, изјави Дешамп.
Диало така наскоро ќе дебитира за Сенегал и сигурно дека во оваа селекција ќе има повеќе простор.