Дома Топ вести Откриен планот: Лапорта спрема доживотен договор за Меси

Откриен планот: Лапорта спрема доживотен договор за Меси

Новиот претседател на Барселона, Жоан Лапорта има јасна идеја што да му понуди на Меси, за да го убеди да остане на „Камп Ноу“.

Договорот на капитенот истекува на крајот на сезоната, па Лапорта нема време за губење и веќе направи план.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Самиот Меси побарал гаранции дека на „Камп Ноу“ повторно ќе се игра за титули и дека ќе бидат донесени нови врвни фудбалери. На Аргентинецот особено му е важно Барса да биде конкурентна за трофејот во Лигата на шампиони.

Лапорта ќе му понуди на Меси помала плата од актуелната поради финансиската криза, но сепак е оптимист дека Аргентинецот ќе прифати.

На Меси ќе му биде предложена директорска фукција во клубот после завршување на фудбалската кариера. Притоа, Лапорта ќе му вети на капитенот дека клубот ќе продолжи да инвестира во „Ла Масија“ и дека многу млади таленти ќе добиваат шанса во првиот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто првпат се случува во историјата: Татко и син во различни клубови добија откази во ист ден

Необична приказна пристига од грчката Суперлига! За првпат во историјата, татко и син доби…