Банкарската гаранција од 125 милиони евра (15% од буџетот), која му е неопходна на Жоан Лапорта за да стапи на должност претседател на Барселона, продолжува да биде проблем бидејќи рокот истекува во среда.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Неколку дена после победата на изборите Лапорта имал средба со Жуаме Жиро, кој е потпретседател за економските прашања за да побара таква гаранција, која ќе му овозможи официјално да ја преземе должноста.
Лапорта го знаеше ова и тврдеше дека навреме ќе приложи гаранција, но планот му беше финансиската инјекција да ја добие од една компанија, но преговорите вчера биле прекинати, и не се продолжени денеска.
Поради тоа Лапорта денес ќе има средби со други бизнисмени за да ја обезбеди потребната сума. Наводно му недостасуваат уште 70 милиони евра, што е навистина сериозна сума.