Миралем Пјаниќ минатото лето се пресели во Барселона како големо засилување, но засега не ги оправда очекувањата.
Босанскиот плејмејкер е во втор план на кај тренерот Куман и често ја грее клупата за резерви, па не е задоволен од својот статус на „Камп Ноу“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пјаниќ не се снајде најдобро во Барселона, па е спремен да ја промени средината после само една година.
Англиските медиуми пренесуваат дека Карло Анчелоти покажува силен интерес за Босанецот и сака да го доведе во Евертон.
Барселона има потреба од финансии, па го стави 30-годишниот плејмејкер на продажба. Евертон нема проблем да му ја дава истата плата која ја заработува на „Камп Ноу“, па наскоро ќе испрати понуда.