Кинеските сопственици на Милан се спремни да го доведат најскапото засилување во историјата на клубот, а играчот да го направат најплатен во Серија А.
Фудбалската јавност во Италија е во транс, Милан тргнува по Пјер-Емерик Обамејенг.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Иако ова звучи нереално, сепак е можно. Новите кинески сопственци на Милан одредија дополнителен буџет за засилување од топ класа, а таков играч секако е Обамејанг.
Значи, до сега потрошија нешто повеќе од 150 милиони евра, но имаат и пари за Габонецот. Милан е спремен на Борусија да и плати неверојатни 80 милиони евра. Со оваа сума се очекува во Дортмунд да бидат задоволни со оглед на тоа дека веќе се помирија со неговото заминување, но потоа неговиот трансфер во ПСЖ пропадна, потоа стигна понуда од 60 милиони евра од кинескиот Тајаџин Кванжан, но сега Милан е прва опција.
Најпознатите италијански медиуми како „Газета“, „Кориере“, „Скај“ и „Медијасет“, тврдат дека директорскиот тандем Фасоне-Мирабели веќе со месеци е во контакт со Обамејанг и дека трпеливо ја чекаат својата шанса. Наводно, уште при нивното доаѓање го означиле Габонецот како приоритет, но преговорите започнале во последните неколку дена.
Кога во прашање е платата на фудбалерот, „росонерите“ би го направиле Обамејанг најплатен фудбалер во Серија А со осум милиони евра по сезона, што е фантастично кога се италијанските услови во прашање. Најплатени во овој момент во Серија А се Паоло Дибала и Гонзало Игуаин од Јувентус со по 7.5 милиони евра по сезона.
Сепак, Обамејанг во Дортмунд заработува 12 милиони евра годишно и се поставува прашањето зошто би прифатил намалување на платата за третина. Можеби поради лично спортски мотиви…
Габонецот пристигна во Милан како тинејџер, бидејќи неговите двајца браќа претходно тренираа во клубот. Но, никој од нив не успеа да се избори за место во првиот тим на Милан, но во тоа време „росонерите“ навистинаа имаа страшен тим. На крајот Обамејанг беше продаден на Сент Етјен за 1.2 милиони евра, а сега може да се врати како најскапо засилување во историјата на клубот и второ најскапо на сите времиња во Италија…