Новиот претседател на Барселона, Жоан Лапорта има јасна идеја што да му понуди на Меси, за да го убеди да остане на „Камп Ноу“.
Договорот на капитенот истекува на крајот на сезоната, па Лапорта нема време за губење и веќе направи план.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Самиот Меси побарал гаранции дека на „Камп Ноу“ повторно ќе се игра за титули и дека ќе бидат донесени нови врвни фудбалери. На Аргентинецот особено му е важно Барса да биде конкурентна за трофејот во Лигата на шампиони.
Лапорта ќе му понуди на Меси помала плата од актуелната поради финансиската криза, но сепак е оптимист дека Аргентинецот ќе прифати.
Неговиот план се состои од три точки кои денес ги откри „Мундо Депортиво“.
1 Лапорта ќе му вети на Меси дека ќе донесе врвни фудбалери како Халанд, Давид Алаба и најверојатно Серхио Агуеро.
2. Лапорта ќе му вети на капитенот дека клубот ќе продолжи да инвестира во „Ла Масија“ и дека многу млади таленти ќе добиваат шанса во првиот тим.
3. На Меси ќе му биде предложена директорска фукција во клубот после завршување на фудбалската кариера.
Понудата на Лапорта до Меси ќе биде на 3 сезони, односно до 2024 година.