Реал Мадрид потешко од очекуваното успеа да го победи Елче и да запише важни три бода.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Кралевите“ уште од самиот старт покажаа дека ги сакаат трите бода, но во првото полувреме не успеаа да постигнат гол.
Избраниците на Зидан не успеаа да создадат поголема шанса, па на одмор се замина со резултат 0:0.
Гостите во 61-та минута го шокираа Реал откако Калво погоди за водство од 0:1. Тоа беше знак „кралевите“ да тргнат со сите сили и на крајот сепак успеаа да стигнат до пресврт.
Херој за Реал беше Карим Бенезема, кој го постигна двата гола, а особено убав беше вториот гол во судиското продолжение.