Белгискиот фудбалер, Ромелу Лукаку е нов член на Манчестер Јунајтед, потврдија официјално од клубот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Лукаку во Јунајтед пристигнува по повеќемесечни преговори со Евертон, а „Црвените ѓаволи“ на крајот во оваа битка го победија Челси.
Јунајтед за Лукаку плати 75 милиони фунти, а играчот за врска на тимот од „Олд Трафорд“, Пол Погба одлучи да му испрати порака за добредојде на својот колега преку социјалната мрежа инстаграм.
„Се гледаме утре на тренинг“, порача Погба.
За потсетување, Погба и Лукаку се многу добри пријатели и често тренираат заедно за време на паузата помеѓу двете сезони.