Јувентус синоќа ги разочара своите навивачи откако беше елиминиран во осминафиналето од Порто во Лигата на шампиони.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
„Старата дама“ беше елиминирана после продолженија, иако од стартот на второто полувреме играше со играч поваќе.
Дефанзивецот Матијас де Лихт истакна дека е тешко да се преживее ваква рана елиминација од ЛШ.
„Повеќе од 60 минути игравме со играч повеќе. Игравме против десет фудбалери и вакво сценарио е тешко да се преживее. Мислам дека лошо го отворивме натпреварот“, изјави Де Лихт.
„Во второто полувреме игравме добро, игравме брзо и создававме шанси, постигнавме два гола, но топката едноставно не сакаше во гол. Тешко е да се преболи елиминацијата од ЛШ во март“, додаде дефанзивецот.