Порто го елиминираше Јувентус од Лигата на шампионите, клучниот момент се случи во второто полувреме кога Оливеира од слободен удар го совлада Шчесни.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
За Фабио Капело голема вина за овој гол има Кристиано Роналдо кој скокна и со грб се сврте во живиот ѕид.

„Тоа е голема грешка која не смее да се случува, посебно не во таква фаза од натпреварот. Во мое време посебно се избираа фудбалерите кои ќе стојат во живиот ѕид, стоеа оние кои не се плашат од топката. Роналдо, Рабио и Мората се исплашија тоа е неприфатливо“, изјави Капело.