Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез на големо се подготвува за следното лето и се чини дека сака да направи „револуција“ во тимот.
„Марка“ пишува дека прва мета на „кралскиот“ клуб ќе биде Килијан Мбапе, кој изјави дека има желба еден ден да заигра во Реал. Но, јасно е дека ПСЖ нема да го пушти така лесно и се шпекулира дека „кралевите“ мора да платат околу 180 милиони евра доколку сакаат да го донесат.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Другата голема желба на Реал Мадрид е Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд со цел да направат тандем на двајцата најдобри млади фудбалери во светот.
Двата трансфери ќе бидат екстремно скапи, па Реал ќе мора да се откаже од некои свои ѕвезди, а шпанските медиуми шпекулираат дека „кралевите“ се спремни да ги продадат Еден Азар и Карим Бензема.