Кралот на фудбалот, Пеле повторно ја пофали ѕвездата на Пари Сент Жермен, Килијан Мбапе.
Легендарниот Бразилец упати големи комплименти кон младиот Французин и го посочи за свој наследник.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Мбапе може да стане мој наследник, не се шегувам. Неговата способност да игра на високо ниво уште како многу млад ме потсетува на мене. Тој е напаѓач кој мисли брзо. Кога ќе ја добие топката веќе знае што да направи и го избира најдоброто решение. Тоа се најважните нешта во современиот фудбал“, изјави Пеле.
Уште пред две години Пеле упати пофални зборови за Мбапе и истакна дека е само прашање на време кога ќе ја освои првата „Златна топка“.
Оваа сезона Мбапе има постигнато 18 гола на 23 меча во Лига 1, а во ЛШ до сега постигна 5 гола.