Германскиот репрезентативец Тони Крос изјави дека тој исто така бил жртва на некоја форма на расизам и навреди на социјалните мрежи.
Тоа се случило после Мундијалот во Русија откако Крос го критикуваше начинот на кој Месут Озил ја напушти германската репрезентација.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„По Светското првенство во 2018-та година реков дека не ми се допаѓа тоа што Месут си замина од репрезентацијата, како ни начинот на кој тоа го направи. Веднаш ме нарекоа нацист. Руса коса, сини очи, само тоа им беше доволно на луѓето на интернет да ме наречат расист“, изјави Крос.
„Се изборив, но не беше лесно. Денес било кој може да се сокрие зад лажен профил и да навредува други луѓе. Тоа не е добро и мораме да работиме на тоа луѓето да сносат одговорност за тоа што го кажуваат“, додаде Германецот.