Дома Трансфер зона Рома и Милан ја сакаат ѕвездата на Јувентус

Рома и Милан ја сакаат ѕвездата на Јувентус

Бразилскиот репрезентативец Даглас Коста оваа сезона е на позајмица во Баерн Минхен, но јасно е дека нема да остане на „Алијанц Арена“.

Тренерот Ханзи Флик не му дава голема минутажа оваа сезона, а Баварците веќе објавија дека нема да го откупат неговиот договор.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Даглас Коста има уште една година од договорот со Јувентус, но јасно е дека за него нема место во тимот на Пирло.

За Бразилецот интерес покажуваат Милан и Рома, а тој самиот не крие дека преферира да остане во Серија А.

Двата клуба веќе се поврзале со агентот и сакаат да го донесат во своите редови на лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…