Дома Топ вести Реал Мадрид спрема понуда за Салах

Реал Мадрид спрема понуда за Салах

Мохамед Салах во последно време констатно се поврзува со заминување од Ливерпул.

Египќанецот на „Енфилд“ експлодираше и стана еден од најдобрите фудбалери во светот, но наводно во последно време не е баш среќен во клубот и планира да замине.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Особено шпекулациите се засилија после синоќешното дерби со Челзи, кога Салах беше заменет и не го криеше разочарувањето.

Новинарот на „Скај Спорт“ Анхело Мангианте тврди дека Реал Мадрид е сериозно заинтересиран и ќе направи се за да го доведе Салах во текот на летото.

Салах не крие дека еден ден сака да заигра за „кралскиот“ клуб, а Реал сака да ја искористи ситуацијата и смета дека сека е вистинскиот момент за тоа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…