Во септември Герет Бејл се врати во Тотенхем и се очекуваше да биде големо засилување за „петлите“.
Сепак, Велшанецот во изминатиот период не прикажуваше игри на нивото на кое се очекуваше, конечно блесна во последниот викенд против Барнли. Во овој натпревар Бејл постигна два гола и запиша една асистенција и беше прогласен за играч на натпреварот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На денешната прес-конференција Мурињо беше запрашан зошто на Бејл му било потребно толку многу време да блесне и да почне да игра како што се очекува.
„Во Реал во последните две години се случуваа многу работи и нив треба да ги прашате зошто Герет блесна дури сега. Ако ви одговорат ќе разберете зошто му требаше толку време. Можеби и јас бев трпелив за да дојде на нивото на кое игра во последните две недели“, изјави Бејл.