Дома Топ вести Челзи тргнува по Донарума

Челзи тргнува по Донарума

Иднината на Џанлуиџи Донарума е главна тема на Апенините, бидејќи неговиот договор со Милан истекува на крајот на сезоната.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Милан веќе подолго време е во преговори со неговиот менаџер Мино Раиола и се обидува со сите сили да го задржи Донарума на „Сан Сиро“.

Ситуацијата будно ја следи Челзи, кој е спремен да ги задоволи финансиските барања на голманот и да му даде годишна плата од 10.5 милиони евра.

Челзи минатото лето се засили со Менди, кој пред неколку дена наполни 29 година, па „сините“ се спремни да го продадат Кепа и да го донесат младиот Италијанец.

Милан ќе се обиде да избегне такво сценарио, но во моментов „росонерите“ нудат 7,5 милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…