Дома Трансфер зона Официјално: Јувентус го откупи Мекени

Официјално: Јувентус го откупи Мекени

Јувентус и официјално ја искористи можноста да го откупи во целост договорот на Вестон Мекени.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Американскиот репрезентативец минатото лето пристигна од Шалке на едногодишна позајмица за 3 милиони евра со опција за откуп за додатни 18,5 милиони евра.

Мекени одлично се снајде во Јувентус и веднаш се наметна во стартниот тим на Пирло, па „старата дама“ немаше сомнеж дали да го задржи на перманентна основа.

Денес Јувентус потврди дека ја искористил опцијата за откуп на Мекени, а фудбалерот ставил потпис на договор до 2025 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…