Дома Фудбал Калдерон: Флорентино Перез е успешен, но направи две грешки

Калдерон: Флорентино Перез е успешен, но направи две грешки

Поранешниот претседател на Реал Мадрид, Рамон Калдерон го коментираше евентуалниот трансфер на Мохамед Салах како и заминувањето на Кристиано Роналдо.

„Килијан Мбапе или Салах? Двајца неверојатни играчи кои сигурно ќе го подобрат тимот, но со актуелната финансиска ситуација ќе биде тешко да се потрошат многу пари. Секој тим сака такви играчи, но мислам дека во моментов Реал не може да си дозволи таков трансфер“, изјави Калдерон.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Потоја ја коментираше работата на Флорентино Перез и истакна дека направил две грешки.

„Перез без сомнеж има голем успех во Реал. Сепак ја освои Лигата на шампиони неколку пати и го назначи еден од најдобрите тренери во историјата. Сепак, сметам дека направи две грешки, што дозволи да заминат Роналдо и Раул“, смета Калдерон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид ќе го обнови договорот на Браим Дијаз

Реал Мадрид постигна договор за продолжување на договорот со офанзивниот играч за врска Бр…