Ливерпул веќе ја започна потрагата по квалитетен играч за врска, кој на лето би можел да биде замена за Вајналдум.
Главна трансфер цел на Ливерпул, ќе биде Ренато Санчез, кој оваа сезона игра фантастично во дресот на Лил.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешната голема надеж на Баерн Минхен, ја „оживеа“ својата кариера во Лил и на лето би можел да се пресели на „Енфилд“.
Клоп смета дека Португалецот ќе биде идеално засилување за средниот ред, а неговата цена во моментов изнесува 30 милиони евра.
Сепак, Ливерпул ќе треба да ја победи конкуренцијата, бидејќи за Португалецот интерес покажуваат уште неколку европски гиганти.