Дома Трансфер зона Интер донесе три засилувања за еден час!

Интер донесе три засилувања за еден час!

Додека Јувентус се уште „спие“ кога станува збор за трансферите во Серија А, Интер и Милан доведуваат засилувања како да се на трка. Така денеска во Интер потврдија три нови играчи за следната сезона.

Како што денеска беше потврдено од Интер, во клубот пристигна одличниот мад напаѓач на Данска, Јенс Одегард. По него, во клубот ќе пристигне и одличниот млад репрезентативец на Чешка, Милан Шкриниар од Сампдорија за 20 милиони евра.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Интер исто така ја потврди веста за доаѓањето на 18-годишниот играч за врска Никола Заниоло кој доаѓа од Виртус Ентела од Серија Б. Станува збор за одличен играч за врска, репрезентативец на Италија до 19 години.

За него Интер пати 1,8 милиони евра, додека Одегард е платен само 1,5 милиони. Управата на овој клуб претходно го доведе 31-годишниот голман, Даниеле Падели од Торино.

Ова е еден вид на одговор на засилувања на градскиот ривал кој до сега донесе неколку навистина силни засилувања. Останува да видиме што ќе се случува во наредниот период и како на ова ќе одговори Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

ПСЖ спрема богата понуда за Тео Хернандес

Пари Сент Жермен е силно заинтересиран за левиот бек на Милан, Тео Хернандес, пренесуваат …