Дома Македонски спорт Мак баскет Тодоров: Горд сум на овие 15 момци, нашата најголема победа е што растеме

Тодоров: Горд сум на овие 15 момци, нашата најголема победа е што растеме

Репрезентацијата на Македонија со две победи го заврши настапот на турнирот во Перм.

Момците на Александар Тодоров победија против Италиај и Естонија, но за жал поради повисокиот пораз од Естонија во Скопје останавме без пласман на Европското првенство.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Селекторот Александар Тодоров е задоволен од она што го прикажаа кошаркарите. Воедно тој му го честиташе и 23. роденден на Ненанд Димитријевиќ.

“Нашата најголема победа е што никогаш не паѓаме, туку растеме се повеќе, секој пат штом паднеме. Благодарност до сите во тимот за ова неверојатно, но не целосно исполнето патување. Горд сум што бев тренер на овие 15 момци.

И да не заборавам, среќен роденден Нено“, порача Тодоров.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Гоце Георгиевски останува во Вардар!

Десното крило на Варар Гоце Георгиевски ќе остане во таборот на црвено-црните уште една се…