Дома Фудбал Англија Неверојатен автогол на голманот го реши натпреварот Волвс – Лидс

Неверојатен автогол на голманот го реши натпреварот Волвс – Лидс

Волвс во рамките на 25. коло од Премиер лигата на свој терен го совлада Лидс со 1:0.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Одличен натпревар одиграа и двата тима, а на крајот Волвс дојде до победа благодарение на неверојатниот автогол на голманот на Лидс.

На овој натпревар беа видени по неколку шанси на двете страни. Јунак беше голманот на Волвс Руи Патрисио кој имаше неколку неверојатни интервенции.

Моментот на одлука се случи во 64. минута. Адама Траоре шутира и ја погодува пречката, а топката од грбот на голманот на Лидс се одбива и завршува во мрежата за предност на домашниот тим од 1:0.

Лидс на сите начини се обидуваше да постигне гол. Постигнаа погодок преку Бамфорд, но беше поништен поради офсајд.

На крајот остана 1:0, а Волвс дојде до 33. бода и го поминаа Лидс на 11. место во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Француската легенда убедена: Го имаме најдобриот во светот, ако не му ја дадат „Златната топка“ нешто не е во ред со фудбалот

Поранешниот дефанзивец на Баерн Минхен и репрезентацијата на Франција, Вили Саниол со голе…