Дома Топ вести Одброени деновите на Куман, Барса го сака Чави

Одброени деновите на Куман, Барса го сака Чави

Во Барселона не се откажуваат од идејата да ја назначат клупската легенда, Чави Ернандес за нобв тренер на првиот тим по завршување на сезоната.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Шпанските медиуми се сигурни дека на лето, кога клубот ќе има нов претседател, ќе дојде до тренерска смена на „Камп Ноу“.

Куман не ги оправда очекувањата и после срамниот пораз од ПСЖ се засилија шпекулациите за негова смена.

Прв кандидат за негов наследник е токму Чави, кој моментално работи како тренер во катарски Ал Сад.

Во клубот веруваат дека Чави ќе биде идеален избор за нов тренер после 17 години поминати на „Камп Ноу“ како фудбалер.

Притоа, веруваат дека Чави ќе има големо влијание на одлуката на Лео Меси и дека ќе може да го убеди да остане во Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Почетино шокираше: „За мене тоа никогаш не би било црвен картон“

Фудбалерот на репрезентацијата на САД Кристијан Пулишиќ изјави денес дека неговиот тим мор…