Дома Фудбал Лига на шампиони Клоп: Победивме, на многу луѓе не им се исполни желбата

Клоп: Победивме, на многу луѓе не им се исполни желбата

Ливерпул синоќа со 0:2 го победи Лајпциг во првиот натпревар од осминафиналето во ЛШ.

Избраниците на Клоп прикажаа добра игра и со головите на Мане и Салах обезбедија одлична предност пред реваншот на Енфилд.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


После натпреварот, тренерот на Црвените, Јирген Клоп рече дека е задоволен од играта на својата екипа и додаде дека на некои луѓе не им се исполнила желбата да го видат Ливерпул повторно поразен.

„Знам дека многумина очекуваа да се лизнеме и на овој меч, мило ми е што желбите не им се исполнија. Лајпциг е одличен тим, знае да биде моќен со својот стил на игра, а начинот на кој ние ги контролиравме беше извонреден.“ – рече Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Барселона не планира да доведе замена за Гави

Порано оваа недела Барселона потврди дека Гави ќе биде надвор од терените во следните 4-5 …