Дома Фудбал Мбапе е само третиот фудбалер кој постигнал хет-трик на Камп Ноу

Мбапе е само третиот фудбалер кој постигнал хет-трик на Камп Ноу

Францускиот напаѓач Килијан Мбапе синоќа даде три гола на гостувањето кај Барселона.

ПСЖ убедливо славеше во првиот натпревар (1:4) од осминафиналето во ЛШ и Каталонците треба да направат чудо доколку сакаат да се пласираат понатаму.

Мбапе со хет-трикот го реши прашањето за победникот, а интересно е што тој е само третиот играч кој во ЛШ на Камп Ноу постигнал хет-трик.

Претходно тоа им успеало само на Фаустино Асприља во дресот на Њукасл и Андриј Шевченко во дресот на Динамо, и интересно, двајцата постигнале хет-трик во 1997. година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вирц се разбуди, но сега доаѓа вистинскиот испит за ѕвездата од 116 милиони фунти

Три добри настапи ја вратија надежта дека Флоријан Вирц може да го повлече Ливерпул. Сепак…