Дома Фудбал Маратонот на Каземиро – 12 натпревари во 56 дена!

Маратонот на Каземиро – 12 натпревари во 56 дена!

Играчот за врска на Реал Мадрид, Каземиро одиграл 12 последователни натпревари во изминатите 56 дена, открива „Марка“.

Каземиро е незаменлив во тимот на Зидан и нема адекватна замена, откако Маркос Љоренте го напушти клубот во 2019 година. Бразилецот игра без престан за „крачевите“ од 20-ти декември.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Каземиро беше стартнер на последните 10 меча за Реал во Примера, а играше еднаш во Суперкупот и еднаш во Купот на кралот.

На последните 12 меча Каземиро одигра вкупно 1100 минути, но тоа не ништо ново за Бразилецот кој минатата година одигра 21 натпревар по ред и само два пати беше заменет.

За Каземиро нема време за одмор и поради големиот број на повреди во тимот, па Зидан едноставно нема избор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…