Дома Фудбал Лига на шампиони Лајпциг – Ливерпул: Дали неутралниот терен ќе биде предност за „очајниот“ Ливерпул?

Лајпциг – Ливерпул: Дали неутралниот терен ќе биде предност за „очајниот“ Ливерпул?

Стадионот Пушкаш во Будимпешта ќе биде домаќин на првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите помеѓу Лајпциг и Ливерпул во вторник навечер.

Првиот дуел од двомечот меѓу двете екипи ќе се одигра на неутралното место поради ограничувања поврзани со коронавирусот, а Ливерпул ќе се обиде да го искористи фактот што Лајпциг нема да биде домаќин во двомечот.

Ливерпул со три порази по ред


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Многу работи се сменија за двата тима од последниот натпревар во декември во Лигата на шампионите, но особено кај Ливерпул кој се надева дека враќањето на европскиот фудбал ќе донесе нова промена во екипата во позитивна смисла.

Шесткратниот европски шампион има победено на само пет од своите 15 натпревари во сите натпреварувања од последниот натпревар во групата во Лигата на Шампиони во месец Декември, губејќи шест пати, вклучувајќи ја и серијата од три порази по ред на последните три натпревари.

Најновиот од нив дојде против Лестер во саботата. Ливерпул водеше, но прими три гола за само седум минути и поразот беше неизбежен. Бранителот на титулата Англија сега е се подалеку од Манчестер Сити, кој има и натпревар помалку.

Јирген Клоп јавно призна дека одбраната на нивната титула сега е завршена работа и е нереална, оставајќи ја Лигата на шампионите како прва задача за спас на сезоната и нова титула за екипата. Но Клоп сеуште има огромни проблеми со одбраната каде ивечерва ќе го крпи тој дел од екипата.

Клоп целосно се насочува кон Лигата на Шампиони

Сепак, се чини дека веројатноста екипата на Ливерпул да биде крунисана како крал на Европа по седми пат се намалува со секој изминат натпревар, со тие три последователни порази од Брајтон, Манчестер Сити и Лестер.

После мечот со Лајпциг следува и Мерсисајд дербито за време на викендот и доколку нивната слаба форма продолжи, тогаш нивната ситуација може да се влоши значително.

Поразот од Лестер беше најјасниот знак досега дека Ливерпул веќе не го носи епитетот „чудовиште“ со што беше една од најстрашните европски екипи во последните три години, но нивниот рекорд во ова натпреварување сепак ќе ги остави фаворити против екипата на Лајпциг. Сепак, за германскиот тим ова е само трета кампања во Лигата на шампионите и второ искуство со нокаут рундите.

Лајпциг во одлична форма

Лајпциг го декласираше домашниот ривал на Ливерпул, Тотенхем, во оваа фаза минатата сезона, пред да го совлада Атлетико Мадрид во четвртфиналето. Оваа сезона тие исто така успеаја да се квалификуваат во елиминациите во многу тешка група. Завршија на второто место со ист број на бодови како и ПСЖ, а пред уште еден англиски гигант, Манчестер Јунајтед.

Триумфот со 3:2 над Манчестер Јунајтед на шестиот натпревар беше доволен за Лајпциг да го обезбеди своето место во осминафиналето иако примија 12 гола во овој процес – најлош скор од сите останати екипи во оваа фаза од Лигата на Шампиони.

Од таа победа над Манчестер Јунајтед, Лајпциг загуби само два пати на 13 натпревари во сите натпреварувања, зачувајќи ја својата мрежа недопрена на девет меча во таа серија. Тоа е факт дека проблемите во одбраната од гупната фаза сега се решени.

Додека нивните противници влегуваат во овој натпревар со три порази по ред, Лајпциг има четири победи во низа, последно совладувајќи го Аугсбург со 2:1 во петокот вечерта.

Таа победа ги искачи на втората позиција на табелата во Бундеслигата, со пет бода помалку од повеќегодишниот лидер Баерн Минхен.

Наш предлог:

Двете екипи да постигнат гол @ 1.55 во 1хBet

Победа на Лајпциг или нерешено @ 1.65 во 1хBet

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Судиски аналитичар за голот на Милан: Ова е срамота!

Голем револт во Србија предизвика судењето на Хесус Гил Манзано, Шпанецот кој го водеше на…