Дома Фудбал Mегваер се жали: Од кога почна да се зборува дека ни се судат пенали не сме добиле ништо

Mегваер се жали: Од кога почна да се зборува дека ни се судат пенали не сме добиле ништо

Манчестер Јунајтед освои само бод во дуелот со ВБА (1:1) и навивачите на овој клуб никако не смеат да бидат задоволни.

Со ова реми „црвените ѓаволи“ дополнително си ги намалија шансите во борбата за првото место, а во 61. минута видовме и еден спорен момент.

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер падна во шеснаесетникот на противникот, судијата покажа пенал, но после консултацијата со ВАР собата одлуката беше променета.

„Бев сигурен дека е пенал. Од кога другите почнаа да зборуваат дека добиваме пенали не сме добиле ништо. Почувствував контакт на рамото, ме влечеше и паднав. Минимално, но беше пенал. Се носат одлуки против нас, но како и да е мораме да продолжиме напред“, изјави Мегваер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Модриќ на 41 година не мисли на крај: Со Милан сака титула

Хрватскиот ветеран ја задржува желбата за фудбал, а по триумфот над Интер порача дека Мила…