Дома Трансфер зона Диего Коста пронајде нов клуб: Потпишува на две години!

Диего Коста пронајде нов клуб: Потпишува на две години!

Диего Коста во јануари го раскина договорот со Атлетико Мадрид, а сега како слободен играч потпиша договор со Палмеирас.

Коста се враќа во неговата татковина после подолго време и ќе го носи дресот на јужноамериканскиот шампион. Како што говорат информациите, Коста потпишал договор на две години со плата од три милиони евра по сезона.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кариерата Коста ја започна во младинските категории на бразилскиот тим Барселона, за во 2006 година да направи трансфер во Прага. Само една година подоцна тој направи трансфер во редовите на Атлетико, потоа играше и на позајмици во Селта, Албасете, Валјадолид, додека три сезони беше дел и од Челзи во Премиер лигата.

За репрезентацијата на Шпанија одигра 24 натпревари на кои има солиден учинок од 10 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона доби силна конкуренција за потписот на Рабио

Барселона доби силна конкуренција за потписот на ѕвездата на Јувентус,  Адриен Рабио, прен…